Да се запознаеме...

Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Триглав Пензиско друштво АД Скопје, или скратено, Триглав пензиско друштво АД Скопје е акционерско друштво, регистрирано и со седиште во Република Македонија, кое врши трговска дејност од областа на пензиско осигурување.


Компанијата е член на Групација Триглав, една од најголемите осигурителни и финансиски групации во регионот на Југоисточна Европа. Предмет на работа на Триглав пензиско друштво е управување со отворени задолжителни и доброволни пензиски фондови. Друштвото во надворешно трговскиот промет, во име и за сметка на пензиските фондови со кои управува, под услови утврдени со релевантните закони и прописи, врши тргување со финансиски инструменти.



Седиште: бул. 8-септември, бр.18, кат 2, 1000 Скопје
Даночен број: 4057019545071
Матичен број: 7344228
Код за идентификација:
Основен капитал: 7.356.000,00 EUR
Број на акции: 147120
Претседател на Управен одбор: Тихомир Петрески
Член на Управен одбор: Маријан Николовски
Контакти 02 5102 190
Веб страна: http://www.triglavpenzisko.mk, https://www.triglav.eu
Е-адреса: info@triglavpenzisko.mk
Година на упис во Трговски регистар, во рамките на Централен регистар на РМ 2019
Дејност на Триглав Осигурување ад, Скопје во согласност со валидната стандардна класификација на дејности 66,30 Дејности на управување со фондови
Дејност на Групацијата Триглав Осигурување и реосигурување, Управување со инвестициски фондови и финансиски имот


Триглав пензиско друштво има дозвола за извршување на дејност од страна на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). За пристап до веб страната на МАПАС, кликнете овде.

За пристап до Статутот на Триглав пензиско друштво кликнете овде.

За пристап до Статутот на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд Скопје кликнете овде.

За пристап до Статутот на Триглав отворен доброволен пензиски фонд Скопје кликнете овде.

За пристап до информативниот проспект на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје кликнете овде.

За пристап до информативниот проспект на Триглав отворен доброволен пензиски фонд - Скопје кликнете овде.

Триглав пензиско друштво во своето работење се води според Кодекс на Групацијата Триглав, во кој што се дефинирани темелните вредности и начела на работење, законско и етичко достигнување на деловните цели, стратешки насоки и предности во однос на конкуренцијата, со почитување на начела и стандарди за чесно и транспарентно работење.