Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување е осигурување
врз основа на капитализација на средствата, на доброволна основа. Во
него можат да бидат вклучени сите лица кои сакаат да обезбедат подобра
материјална сигурност покрај задолжителното осигурување, како и оние кои
не се опфатени со задолжително осигурување.
Триглав отворен доброволен пензиски фонд-Скопје ви нуди:
- индивидуално членство
- членство преку професионални пензиски шеми
Дополнителното пензиско
осигурување сѐ почесто зазема важна позиција како алатка за задржување и стимулирање на
клучниот персонал.
Доброволно
пензиско осигурување за вработени и членови на здруженија - преку професионални пензиски шеми
Вообичаена
практика во многу европски земји е постоење на професионални пензиски шеми,
преку кои работодавачите или здруженијата на граѓани организираат и финансираат
дополнително пензиско осигурување за своите вработени, односно членови.
Во
овој случај, осигурителот има право слободно да ја одредува висината на
уплатениот износ и фреквенцијата на уплата за секој учесник поединечно, а промената
на висината и фреквенцијата на уплатата не влијае на правото на членство во
фондот.
Член на
пензиски фонд не може да биде учесник во две професионални пензиски шеми.
Член на Триглав
доброволен пензиски фонд, како учесник во професионална пензиска шема, не може
да премине во друг доброволен пензиски фонд, во периодот додека е вработен, или
е член на осигурител.
Во
случај кога учесник во професионална пензиска шема премине кај друг осигурител,
кој организира професионална пензиска шема, средствата од постојната
професионална сметка се пренесуваат на професионалната сметка во
професионалната пензиска шема организирана од другиот осигурител.