Триглав пензиско друштво е дел од Групацијата Триглав, една од водечките осигурително-финансиски институции во Југоисточна Европа, која со своето знаење, искуство и финансиска моќ, повеќе од 120 години ја оправдува довербата на клиентите дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина.
Групацијата Триглав задржува цврста финансиска стабилност, висока адекватност на капиталот и профитабилност во работењето, што се потврдува и со високата бонитетна оценка »A», доделена од признати бонитетни агенции. Со својата визија, вредностите и стратешките насоки го трасира својот развој во насока на современа, дигитална и динамична осигурително - финансиска групација, која што цврсто стои на водечката позиција во регионот. Главните вредности на друштвото се едноставност, агилност и доверливост, а со својата мисија тежнее кон градење на побезбедна иднина.