Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување е основана во месец јули 2002 година со именување на директорот од страна на Владата на Република Македонија. Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување е основана заради вршење супервизија на работењето пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови (осигурениците), воедно Агенцијата го промовира, организира и го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување во Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и ја развива свеста на јавноста за целите и принципите на пензиските друштва и на задолжителните и доброволните пензиски фондови, за придобивките од членување во задолжителен и/или доброволен пензиски фонд, вклучувајќи ги и целите, принципите и придобивките од учество во професионална пензиска шема, за правата на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови и за други прашања во врска со капитално финансираното пензиско осигурување.