Доколку имате забелешки, коментари,пофалби или поплаки за кој било дел од нашето работење, без разлика дали Вашето незадоволство се однесува генерално на системот за пензиско осигурување и начинот на функционирање на Друштвото или пак конкретно од постапките на одредени лица кои се инволвирани во работата на Друштвото, или на другите Друштва за пензиско осигурување, Ве молиме да ни се обратите.
Ве молиме да го пополните Формуларот за поплаки, потпишете го своерачно и истиот доставете го на адреса на Друштвото (по пошта, е-меил или лично во нашите простории).
Нашиот тим е секогаш на располагање за да Ви помогне и во најкраток можен рок ќе ја разгледа и ќе достави одговор на секоја пристигната поплака.
(Согласно интерните акти на Друштвото, Комисијата надлежна за поплаки мора да донесе одлука или заклучок по конкретната поплака најдоцна во рок од 30 дена од приемот на истата)
Ќе ни биде задоволство доколку можеме да ја подобриме состојбата.