Средствата, вложени во приватните капитално финансираните фондови се инвестираат според строго утврдени законски прописи, со што се обезбедува највисока заштита на интересите на членовите и на нивните средства. Во приватните задолжителни пензиски фондови секој член има своја индивидуална сметка, на која се чуваат средствата од придонесите кои секој член ги издвојува од својата плата. Средствата издвоени од плата, заедно со приносот од нивното инвестирање влегуваат во формирањето на износот на пензија.
Фактори кои придонесуваат кон гарантирање на сигурноста на средствата во приватните фондови:
- Средствата на приватните пензиските фондови се одвоени од друштвата кои управуваат со нив и се чуваат кај така наречени чувари на имот на пензиски фондови;
- Правилата на инвестирање на средствата од вториот и третиот столб се строго дефинирани;
- Во случај на измама, или криминална активност, каде како последица би се исцрпиле средствата на задолжителниот пензиски фонд, предвидена е точно дефинирана заштита односно предвидено е од државниот буџет да се изврши уплата во задолжителниот пензиски фонд во висина од 80% од загубата;
- Предвидени се постојана контрола на институциите на пензискиот систем и високи казни за незаконско работење.
Чувар на имотот на Триглав пензиски фонд е Комерцијална Банка АД Скопје.