Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб) е осигурување врз основа на капитализација на средствата, на доброволна основа. Во него можат да бидат вклучени сите лица кои сакаат да обезбедат подобра материјална сигурност покрај задолжителното осигурување, како и оние кои не се опфатени со задолжително осигурување (во првиот и вториот столб).Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб) е осигурување врз основа на капитализација на средствата, на доброволна основа. Во него можат да бидат вклучени сите лица кои сакаат да обезбедат подобра материјална сигурност покрај задолжителното осигурување, како и оние кои не се опфатени со задолжително осигурување (во првиот и вториот столб). Покрај тоа, со третиот столб се овозможува и основање и финансирање на професионални пензиски шеми.
Секој осигуреник може да има една доброволна индивидуална сметка и една професионална сметка во доброволен пензиски фонд. Вложените средства се инвестираат според строго утврдени законски прописи, со што се обезбедува највисока заштита на интересите на осигурениците и на нивните средства.
За членовите на третиот столб нема ограничување во однос на висината и фреквенцијата на уплата на доброволен придонес. Покрај тоа, со третиот столб се овозможува и основање и финансирање на професионални пензиски шеми.