S&P го потврди високиот кредитен рејтинг „А“ со стабилна среднорочна прогноза
Соопштение за медиуми
Љубљана, 6-ти септември, 2022г.
Триглав е групација со стабилна капитална позиција и добри оперативни перформанси
S&P го потврди високиот кредитен рејтинг „А“ со стабилна среднорочна прогноза
По својата редовна годишна ревизија на 5-ти септември, 2022 година, S&P Global Ratings (во натамошниот текст: S&P или агенцијата) го потврди кредитниот рејтинг „А“ и рејтингот за финансиска сила со стабилна среднорочна прогноза на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзината матична компанија и нејзината подружница Позаваровалница Триглав Ре. Високата оценка „А“ е исклучиво проценка на независниот профил на кредитен ризик на Групацијата. Тоа е одраз на многу солидната капитализација на Групацијата Триглав и нејзиното профитабилно работење, во кое дисциплинирано ги презема ризиците од осигурувањето, користи ефикасна заштита од реосигурување, високо ниво на дигитализација и придобивки од економијата на обем и други предности од водечката пазарна позиција во регионот и во Словенија.
Во својот извештај, S&P повторно го оценува профилот на деловниот ризик на Групацијата Триглав како солиден. Се наведува дека Групацијата со својот фокус на клиентите обезбедува профитабилно работење во двете дејности, осигурувањето и управувањето со средства. Во своето работење ги користи предностите, кои што потекнуваат од водечката пазарна позиција на словенечкиот пазар и во регионот, реномираниот бренд, добро диверзифицираниот опсег на производи и услуги, широката продажна мрежа и постигнатото ниво на деловна дигитализација. Реосигурителната заштита, што ја користи во случај на природни масовни загуби, е ефикасна.
S&P оценува дека работењето на Групацијата Триглав е доволно отпорно, што и во услови на висока инфлација и на овогодинешното нормализирање на состојбата и на побарувањата, како резултат на повлекувањето на ограничувањата поради пандемијата со Covid-19, ќе ја зачува трошковната ефикасност и соодветната ценовна политика, ќе обезбеди зголемување на обемот и врз основа на тоа ќе работи стабилно и профитабилно. Во однос на факторите за одржлив развој (ESG), S&P оценува дека нивното влијание врз кредитниот рејтинг е неутрално.
S&P повторно го оценува профилот на финансискиот ризик на Групацијата Триглав како многу солиден. Сметаат дека Групацијата одржува многу стабилна капитална позиција на ниво „ААА“ според моделот на капитал S&P и е поддржана со дисциплинирано и претпазливо преземање ризици. Се наведува дека поради конзервативниот состав на инвестициското портфолио и висококвалитетниот состав на капиталот, овогодинешната нестабилност на пазарите на капитал не влијаела значително врз финансиската моќ на Групацијата. Нејзината моќна капитализација ќе го олесни нејзиното работење дури и во услови на натамошно влошување на економското опкружување и состојбата на пазарите на капитал. S&P исто така наведува дека ликвидноста на Групацијата е многу висока.
Стабилната среднорочна прогноза за кредитниот рејтинг ги одразува очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав успешно ќе ја спроведе својата деловна стратегија во текот на следните две години, каде акцент е ставен на профитабилното работење, растот, дигитализацијата и натамошната диверзификација на понудата и приходите. Агенцијата очекува дека Групацијата Триглав, и покрај влошените деловни услови, ќе одржи многу висока капитализација, која ќе ги исполни критериумите за рејтинг од најмалку „АА“ во следните две до три години.
Групацијата Триглав со своето знаење, искуство и финансиска моќ повеќе од 120 години ја оправдува довербата на клиентите и другите засегнати страни. Нејзината мисија е да создаде побезбедна иднина. Таа е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа и една од лидерите во Југоисточна Европа, која работи во шест земји и седум пазари и пошироко на меѓународно ниво преку партнерства со осигурителни брокерски, застапнички и реосигурителни компании. Клучните столбови на нејзиниот бизнис се осигурување и управување со средства. Вработува над 5.200 луѓе. Групацијата Триглав одржува солидна финансиска стабилност, висока адекватност на капиталот и профитабилност, што е потврдено и со високиот кредитен рејтинг „А“ добиен од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се одговорност, едноставност и доверливост. Нејзината визија е да го постави стандардот за извонредно корисничко искуство - во секое време, каде било. Со одржлив фокус, тоа е развојно ориентирана средина за вработените, поврзана со партнери и стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите.