ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД – СКОПЈЕ И СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД – СКОПЈЕ И СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ


30. 12. 2021


Во насока на понатамошен развој на  продажната мрежа и поголема достапност на услугите од капитално финансираното пензиско осигурување, Триглав пензиско друштво АД – Скопје  и Стопанска банка АД – Скопје, склучија договор за деловна соработка.


 


 


 


Триглав пензиско друштво е дел од Групација Триглав, една од најголемите осигурително-финансиски групации во ЈИ Европа. Со работа започна во 2019-та година и во неговиот фокус е грижата за интересите на членовите на фондовите со коишто управува преку постигнување што подобар инвестициски резултат.


 


Во нашето работење се стремиме кон правилно информирање на јавноста, појаснување на правата кои постојните и новите осигуреници ги имаат како членови на вториот задолжителен пензиски столб, како и доближување на можностите за обезбедување на поголема материјална и социјална сигурност, преку искористување на поволностите кои што ги нуди третиот доброволен столб.


 


Преку оваа деловна соработка сме чекор понапред во издигнување на нивото на финансиска свесност кај населението за капитално финансираното пензиско осигурување.


 


 


 


Г. Тихомир Петрески, Претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД – Скопје во оваа прилика изјави:  „Групацијата Триглав со своите активности е препознатлив бренд во поширокиот регион, а со формирањето на Триглав пензиско друштво ја заокружи комплетната понуда на осигурителни производи на македонскиот пазар. Особено ме радува фактот што добивме партнер како Стопанска банка АД Скопје, реномирана и водечка институција во делот на банкарство на мало, со која што заедно ќе делуваме на подигнување на нивото на финансиска едукација на населението во областа на капитално финансираното пензиско осигурување.


 


Сакам да изразам благодарност до мојот тим и до тимот на Стопанска банка за придонесот кон успешното поставување на темелите за соработка, која во следните години очекуваме да резултира со зголемена достапност и повисоко ниво на квалитет на услугите за сите граѓани, како и со зголемување на пазарното учество и подобрување на финансиските резултати на двете компании”.


 


Г. Диомидис Николетопулос, Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје при потпишувањето на договорот ја даде следната изјава: „Не радува фактот што со потпишување на договорот за долгорочна соработка помеѓу двете реномирани компании, на нашите клиенти можеме да им понудиме нови финансиски сервиси, како што се приватните пензиски фондови на Триглав, а на нашите вработени да им овозможиме нови алатки за реализација и можност за услужување на нови клиенти. Дополнително, соработката, како нов деловен процес, е од големо значење за Банката и ќе придонесува во успехот и остварувањата по веќе воспоставени и прилагодени деловни процеси. Па така, на потпишувањето на овој договор гледаме како на додадена вредност за сите вклучени страни.“


 


До отпочнување со активностите двете компании ќе ги обезбедат сите потребни предуслови за непречено спроведување на понудата до крајните корисници.


 


Повеќе за Триглав пензиско друштво АД – Скопје


 


Повеќе за Стопанска банка АД - Скопје


 


Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)  (02) 3224 229, www.mapas.mk


 


Групација Триглав


Групацијата Триглав со своето знаење, искуства и финансиска моќ повеќе од 120 години ја оправдува довербата на своите клиенти, дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурителната дејност и управувањето со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адрија, како и една од водечките во Југоисточна Европа, работи во шест држави, на седум пазари и вработува повеќе од 5.000 луѓе. Групацијата Триглав ги задржува цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето, што ги потврдуваат и високите бонитетни оценки »A«, добиени од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се едноставноста, агилноста и доверливоста, а мисијата е градење на безбедна иднина. Со својата визија се стреми кон динамичен развој на нови начини на работа, кои што претставуваат темел на одговорен, долгорочен развој, а истовремено работи профитабилно и безбедно.

 

 


Complementary Content
${loading}