ПРЕПОРАКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДИ

ПРЕПОРАКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДИ

8. 3. 2021

Заваровалница Триглав ги информира акционерите и пошироката јавност дека прими допис од словенската агенција за супервизија на осигурување, вo којшто се наведува дека поради неизвесната ситуација во врска со ширењето на пандемијата COVID-19 и неизвесните последици врз економијата и осигурителниот сектор, од осигурителните и реосигурителните компании, како и од пензиските друштва (во продолжение субјекти под надзор) се очекува до 30.09.2021 година да ја задржат исплатата на дивиденди и да не преземаат неотповикливи обврски за исплата на дивиденди. Притоа, со исклучоци дозволува субјектите под надзор да не ја почитуваат препораката. Повеќе информации можат да се најдат во дописот, објавен на веб страната на Љубљанска берза.

Од Управниот одбор на Заваровалница Триглав се очекува, до крај на март, заедно со објавата на годишниот извештај за 2020 година,  да им даде предлог на своите акционери за дистрибуција на акумулираниот профит за 2020-та година. При тоа Управниот и Надзорниот одбор на Заваровалница ќе ја земат предвид политиката на дивиденди на компанијата, како и ставовите на регулаторот.

Заваровалница Триглав

Заваровалница Триглав е водечка словенечка компанија, која нуди класично осигурување и е матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 подрачни единици, 38 претставништва, со бројни продажни групи и места за склучување на договори и со преку 660 претставници за осигурување низ цела Словенија. Понудата ги вклучува сите видови приватни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, автомобилски, земјоделски, транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и осигурувања за слободно време и патувања. Заокружената понуда на приватни осигурувања се состои од сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода.

Групација Триглав

Групацијата Триглав со своето знаење, искуства и финансиска моќ веќе скоро 120 години ја оправдува довербата на своите клиенти, дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурителната дејност и управувањето со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адрија, како и една од водечките во Југоисточна Европа, работи во шест држави, на седум пазари и вработува повеќе од 5.000 луѓе. Групацијата Триглав ги задржува цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето, што ги потврдуваат и високите бонитетни оценки »A«, добиени од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се едноставноста, агилноста и доверливоста, а мисијата е градење на безбедна иднина. Со својата визија се стреми кон динамичен развој на нови начини на работа, кои што претставуваат темел на одговорен, долгорочен развој, а истовремено работи профитабилно и безбедно.


Complementary Content
${loading}