НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР ВО ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје
НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР ВО ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО
20. 4. 2021
Согласно одлуката на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје, донесена на 12-та седница, одржана на 25.02.2021 година и по издадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, од 01.04.2021 година г. Тихомир Петрески ја презема функцијата член и Претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје.
Г. Петрески доаѓа од позицијата генерален менаџер и основач на ПЕТРЕСКИ & ПАРТНЕРИ дооел Скопје. Зад себе има обемно професионално искуство во корпоративниот сектор, стекнато на повеќе раководни функции на домашниот и на интернационалните пазари за време на својата професионална кариера и повеќегодишно наставно искуство со активно учество во формалното и неформалното образование.
,,Ми претставува привилегија и задоволство да бидам дел од тимот професионалци, кои раководат со компаниите членки на Групацијата Триглав. Воедно, предизвикот е уште поголем, затоа што станува збор за одговорна улога во управувањето со најмладиот член, како на Групацијата така и во реформираниот пензиски систем, и ќе ги вложам сите мои професионални капацитети во насока на остварување на заедничката цел, друштвото да се позиционира како атрактивен избор за капитално финансирано пензиско осигурување на македонскиот пазар’’ - изјави г. Петрески во оваа прилика.
Г. Маријан Николовски и натаму продолжува да ја врши функцијата член на Управниот одбор на Друштвото.
Триглав пензиско друштво е дел од Групација Триглав, една од најголемите осигурително-финансиски групации во ЈИ Европа. Со работа започна во 2019-та година и во неговиот фокус е грижата за интересите на членовите на фондовите со коишто управува преку постигнување што подобар инвестициски резултат.