Известување за намален надоместок од придонеси во Триглав отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје
Известување за намален надоместок од придонеси
Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Триглав пензиско друштво АД Скопје изврши намалување на висината на надоместокот од уплатени придонеси во Триглав отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје.
Почнувајќи од 01.01.2023 година, новата стапка на надоместокот од придонеси ќе изнесува 1,9%, наместо досегашните 2%.
Со намалувањето на надоместокот од придонеси се обезбедуваат поголеми приливи на индивидуалните сметки на членовите, а со тоа и повисока пензиска заштеда.
Со почит,
Триглав пензиско друштво АД Скопје