Известување за промена на статути на фондовите со кои управува Триглав пензиско друштво АД
Известување за измена на
Статути на пензиски фондови
Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондовиТриглав пензиско друштво АД Скопје изврши измени во Статутите на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје и Триглав отворен доброволен фонд - Скопје.
Измените се поврзани со техничко усогласување на новиот зголемен износ на основната главнина на Друштвото и бројот на издадени акции, како и на намалувањето на процентот на надоместокот од уплатени придонеси во Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје.
Увид во Статутите на Задолжителниот пензиски фонд и Доброволниот пензиски фонд со кои управува Триглав пензиско друштво АД Скопје може да се изврши на следните линкови:
— За пристап до Статутот на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд Скопје кликнете овде.
— За пристап до Статутот на Триглав отворен доброволен пензиски фонд Скопје кликнете овде.
Со почит,
Триглав пензиско друштво АД Скопје