Заштита на личните податоци на потенцијалните членови, членовите и пензионираните членови

ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница.

Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се доставуваат лични податоци преку Интернет.

Преку Политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги заштитуваме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:

Назив: Триглав пензиско друштво АД Скопје

Седиште: бул. „8-ми септември“ бр. 18 кат 2, Скопје

Е-пошта: info@triglavpenzisko.mk

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Кристина Вељанова

Телефонски број: +389 78 338 912

Е-пошта: kristina.veljanova@triglavpenzisko.mk

Нашата визија за заштита на личните податоци

Триглав пензиско друштво АД Скопје е контролор на лични податоци кој ја заслужува Вашата доверба, бидејќи целосно ја почитува приватноста и заштитата на личните податоци.

Триглав пензиско друштво АД Скопје во својство на контролор на личните податоци врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување, итн.) на лични податоци на своите членови, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите соодветни позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на обработката на личните податоци.

Цели и правен основ за обработка на Вашите лични податоци

Врз основа на Изјавата за согласност за обработка на лични податоци:

  • Триглав пензиско друштво АД Скопје ја обработува Вашата електронска пошта (е-маил) – за цели на доставување на редовни известувања за трансакциите и состојбата на средствата на Вашата индивидуална сметка/доброволна индивидуална сметка/професионална сметка, како и за инвестициското работење на пензискиот/те фонд/ови.
  • Триглав пензиско друштво АД Скопје и останатите членки на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија ги обработуваат Вашите: име и презиме, електронска пошта (е-маил), адреса на живеење и телефонски број – за цели на директен маркетинг.

Правен основ за обработка на Вашите лични податоци за целите наведени погоре е Вашата согласност за секоја одделна цел, преку одбирање на соодветната опција за согласност.

Рокови на чување на Вашите лични податоци

Вашата електронска пошта (е-маил) која се обработува од страна на Триглав пензиско друштво АД Скопје за цели на доставување на редовни известувања ќе се обработува и чува сè додека постои законска обврска за доставување редовно известување, која може да се исполни во електронска форма врз основа на Ваша согласност, односно до повлекување на Вашата согласност за наведената цел. Вашето име и презиме, електронска пошта (е-маил), адреса на живеење и телефонски број кои се обработуваат за цели на директен маркетинг ќе се обработуваат и чуваат сè до повлекување на Вашата согласност за нивна обработка за наведената цел.

Кои се Вашите права?

            Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост), упатете барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: kristina.veljanova@triglavpenzisko.mk.

На истата електронска адреса можете да се обратите во врска со сите Ваши прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци.

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци за цели на доставување редовни известувања преку е-маил или за цели на директен маркетинг, не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.

Процедура за информирање на субјектите чии лични податоци ги обработува ТПД за обработката на нивните податоци и за нивните права

 Политика за колачиња на Триглав пензиско друштво АД Скопје


Информациите и Барањата поврзани со обработка на лични податоци се достапни на следниот линк.